Фејсбук доаѓа во Македонија! Но не да инвестира, како што беше најавено кога го менувавме името, туку да му додели признание на Зоран Заев за неговите заложби и лидерството во сферата на правење и постирање селфи фотографии.
Според досегашната евиденција, од почетокот на мандатот Заев објавил точно 9989 селфиња, со што зад себе остави великани како Трамп и Меркел и покажа дека и малите земји можат да се конкурентни и рамноправни со големите.
Признанието ќе му го врачи основачот на Фејсбук, Марк Зукерберг, кој инсистирал лично да се сретне со човекот кој направи селфи-револуција со една рака, додека со другата менаџираше цела една земја.
