ОТКАКО СОВЕТНИК ОД ДУИ НАПАДНА КОЛЕГА СРЕДЕ СЕДНИЦА: Советниците од општина Охрид ставени под заштита на УНПРОФОР

Општина Охрид ќе издвои милион евра за да им помогне на сопствениците да ги дотераат дивоградбите за елитните гости

Добри вести за членовите на советот на општина Охрид! Советот за безбедност на ООН, денес на итна седница одлучи да ги испрати силите на УНПРОФОР во мировна мисија во зградата на општината, која ќе има за цел да ги заштити советниците што не се дел од ДУИ, но и да отпочне преговори со двете страни.

Ова доаѓа по инцидентот што се случи за време на Советот на општината, кога советникот од ДУИ, разочаран од тоа што советникот од БЕСА има свое сопствено мислење, пробал најпрвин да го разубеди вербално, а потоа и да му ги разбистри мислите со неколку удари по главата.

За охриѓани, доаѓањето на УНПРОФОР е второ најважно случување во историјата на градот, веднаш после отстранувањето на палмите од брегот на езерото

На овој начин Охрид испишува историја со тоа што ќе стане единствен град на светот кој ќе биде заштитен од две организации под покровителство на ООН – УНЕСКО и УНПРОФОР.