ПО КОНКУРСОТ ЗА НАЈДОБАР ЕСЕЈ НА ТЕМА „НАТО И ЈАС“

    Министерството ќе избира најубаво сплетени чорапи со амблемот на НАТО Откако средношколците добија задача да испратат своите есеи на тема „НАТО и јас“ министерството за одбрана објави нов конкурс на кој ќе се избира најубовиот пар рачно сплетени чорапи. На конкурсот ќе можат да се пријават само пензионери и невработени, а услови за учество се: чорапите да бидат во зелено војничка боја, да се рачно сплетени и да го содржат амблемот на НАТО. Петте најдобри ракотворби ќе бидат наградени со сет зимски гуми, а победникот ќе ја има честа војниците да ги носат неговите чорапи во следната кампања за носење демократија на НАТО.