ПО ЖЕЛЕЗНИЧКАТА ЛИНИЈА СКОПЈЕ-СОЛУН: Пуштена и линијата Скопје-Љубљана-Франкфурт

Македонија се поврзува со светот! Пуштањето на линијата Скопје-Солун, со која патниците се возат со воз до грчката граница, а потоа со автобуси се носат до Солун, ги инспирираше Македонски железници (МЖ) да го поврзат Скопје со уште еден голем град – Франкфурт.

Така, од понеделник македонските патници ќе тргнат на долг пат од главниот град до Куманово, каде ќе ги чекаат автобуси кои ќе ги пренесат до железничката станица во Љубљана, од каде со воз ќе продолжат до Франкфурт.

МЖ најавија уште нови линии до Чикаго, Лондон и Њујорк, веднаш штом ќе набават нови автобуси

Ова се добри вести за сите што повеќе од 30 години ја чекаат пругата кон Бугарија, затоа што со овој иновативен пристап, Скопје ќе се поврзе со Софија уште пред да заврши нејзината изградба.