ПО БЛОКАДАТА ОД ФРАНЦИЈА ЗА ДАТУМ: Граѓаните револтирани, бојкотираат се’ што е француско

Топло суфле, полуизедени кроасани, расфрлани багети и друга француска храна е сликата низ скопските улици откако граѓаните повикаа на бојкот по одлуката на францускиот претседател Макрон земјава да не добие датум за почеток на преговори со ЕУ.

Храната ја фрлаат граѓани што во моментот на дознавањето на веста јаделе кроасан или носеле багет накај дома, како и ексклузивните ресторани што служат француска храна, кои останаа без муштерии па сега ги затвораат своите бизниси или им ја менуваат националноста.

И службеници од Владата се приклучија на бојкотот и најавија дека привремено ќе престанат да ги користат канцелариите опремени со француски мебел

Револтирани се и адолесцентите кои бојкотираат бакнување по „француски“, додека младите брачни парови го откажуваат медениот месец во Париз, а тие што веќе биле таму ги бришат сликите пред Ајфеловата од сите профили и ги фрлаат приврзоците за клучеви.