ПОЧНА УВОЗОТ НА РАБОТНА СИЛА: Над 1500 странски работници чекаат за влез во земјава

Mакедонија станува посакувана печалбарска дестинација! Само една недела откако Заев и Анѓушев најавија дека поради брзиот раст на економијата и новоотворените работни места ќе почнеме да увезуваме работна сила, првиот контингент работници се наоѓа на јужната граница.

Од извори блиски до агенцијата за вработување дознаваме дека нивните служби се на терен и привршуваат со петтата кафе пауза, после што следи втората пауза за ручек и веднаш после неа, ако не заврши работното време, ќе почнат да ги попишуваат работниците и ќе ги распределат на нивните нови работни места.

На сликата: Службеник од АВРМ посветено работи да ги пополни отворените работни позиции

Се очекува најголем дел од работниците да завршат во фабриките што се отворија благодарение на специјалниот советник за странски инвестиции Љубе Бошковски, додека останатите ќе бидат вработени во хотелите на Субрата Рој.