ПОСЛЕ СОВЕТИТЕ НА ФИЛИПЧЕ: Да не беа апликациите не ќе знаевме дека е загаден воздухот

Ѓраѓаните се презадоволни од советите на министерот за здравство Венко Филипче кој ги советуваше граѓаните да седат дома и да јадат овошје и зеленчук кога е загаден воздухот.

„Одлично се чувстувам. Да ја немав оваа апликацијата за загаденост на воздухот не ни ќе знаев дека надвор не се диши“ вели една задоволна граѓанка.

Во Битола очигледно не се јаде доволно овошје и зеленчук…

Задоволни се и од министерството за земјоделие затоа што вишокот земјоделски производи кој немал пласман сега се троши во функција на здравјето на граѓаните.