ПОМОШ ЗА РОДИТЕЛИТЕ НА ПРВАЧИЊАТА: Владата ќе дели ваучери за бројчаници

Денес портпаролот на Владата на прес-конференција ја претстави новата мерка со која ќе им се помогне на родителите на првачињата полесно да ги исплатат кредитите со кои се задолжиле за да го испратат најубавото прваче на училиште.

– Ги имавме во предвид трошоците кои младите родители ги имаат во овој период, па решивме да им помогнеме. Секој што има прваче ќе може да се пријави за ваучер со кој добива бројчаник кој може да го инсталира во својот дом, а кој ќе ги брои ратите и сумата до исплаќање на кредитот. – ни изјави портпаролот.

Разговаравме со еден од родителите кои ги исполнуваат условите за ваучер и тие ни изјавија дека во вакви бурни периоди секоја помош е добредојдена.

– Првиот школски ден е траума и за децата, но најмногу за нас. Учебници, тетратки, прибор, па да најдеш слободен стилист, фотограф, да ја осветиш водата со која ќе го испратиш првчето… Покрај сите тие обврски може да се изуми ратата од кредитот. Додуша банките се доста ажурни во врска со тоа, ама сепак на подарен коњ заби не му се гледаат.

Првите ваучери ќе се доделат пред крајот на месецот, кога е и првата рата од кредитот.