ПОКАЧЕНИТЕ ПЕНЗИИ ГИ ДАВААТ ПРВИТЕ РЕЗУЛТАТИ: 40% помалку пензионери го допираат лебот пред купување

Најново истражување, спроведено од Министерството за финансии (МФ) и Фондот за пензиско осигурување покажа дека покачените септемвриски пензии, поголеми за 36 денари, драстично го промениле однесувањето на пензионерите.

Имено, според добиените резултати, само во првите неколку дена од пристигнувањето на пензиите, лебот во маркетите го допреле 40% помалку пензионери, додека пак користењето на бесплатниот превоз во ЈСП во вторник и петок се намалило за 20%.

Од Фондот се надеваат дека до 2029 година целосно ќе биде искоренета оваа лоша навика, затоа што според проценките. до тогаш во земјава ќе нема пензионери

Од МФ ни рекоа дека очекуваат во наредниве месеци овие бројки да растат уште повеќе, затоа што финансиската сигурност прави пензионерите да се чувствуваат покомотни и да си дозволат пропуст при изборот на леб.