ПЛИВАЧКАТА ШКОЛА СЈО СО УПИС НА НОВИ ЧЛЕНОВИ: 20% попуст за амнестирани

    Откако се поплавија просториите на Специјалното јавно обвинителство тие решија од една лоша ситуација да направат добра па така со работа почна пливачката школа СЈО која веќе врши упис на нови членови.

    „Тренинзите ќе се одвиваат во затворениот базен на СЈО, а при уписот специјален попусти од 20% имаат оние кои се веќе амнестирани“ – ни изјавија од таму.

    На вториот спрат е планирано да има и ресторан

    Кога школата нема да работи базенот ќе можат да го користат за рекреација сите граѓани.