ПАПАТА ФРАНЦИСКО ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА: Не се знае дали ќе се сретне со папата Бранко

На 7-ми мај годинава папата Франциско ќе ја посети Македонија и ова е историски настан затоа што прв пат во државата доаѓа еден папа. Деталите за неговото доаѓање уште не се јасни, но јавноста ја мачи прашањето дали ќе има средба на двајцата папи, папата Франциско и папата Бранко.

„Од протоколот од Ватикан уште немаат побарано средба со папата Бранко, но сеуште ги утврдуваме деталите па ќе видиме дали ќе дојде до таква историска средба на двајца папи во Македонија“ велат од владата.

Папата и десно некој поп

Папата Бранко не се изјасни со јавен коментар на оваа шпекулација па јавноста остана без одговор на ова прашање.