ОХРИД ГО СЛЕДИ ПРИМЕРОТ НА СТРУГА: Надлежностите на општината префрлени на сопственикот на пицеријата кај чинарот

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, соопшти дека локалната власт е цврсто решена да ги спроведе препораките на УНЕСКО и да застане на патот на урбаната мафија, поради што одлучил да ги префрли сите надлежности на советникот од ДУИ, воедно и сопственк на пицеријата дивоградба кај охридскиот чинар, Нефи Хусеини.

Според Георгиевски, Хусеини е спремен да го преземе управувањето со градот затоа што во повеќе наврати ја докажал својата љубов кон Охрид, посебно со својот несебичен гест да се пријави за рушење на дивоградбите кои подолго време го гушат градот.

Добра вест е тоа што долговите на општината ќе останат под надлежност на охриѓани

Одлуката ги воодушеви граѓаните на Охрид, кои ја поздравија новата власт и најавија дека во нејзина чест ќе го одложат депонирањето на санитарија и градежен шут во езерото до крајот на летото.