ОТКАКО СЈО БЕШЕ ПРОГЛАСЕНО ЗА МРТВО: Oбдукцијата ги открива причините за смртта

Два дена откако надлежните констатираа смрт на СЈО, првичните резултати од обдукцијата покажуваат дека обвинителството починало од внатрешно крварење предизвикано од честите удари на кои беше изложено за време на своето кратко постоење, како и од нездравиот живот кој го водеше овој орган.

Докторот кој ја вршеше обдукцијата ни рече дека смртта би била уште побавна и поболна да не беа лидерите на најголемите партии, кои заеднички решија да му ги скратат маките и да го исклучат од апарати.

Ожалостени – граѓаните на РМ, усреќени – криминалците во РМ

По завршувањето на обдукцијата телото на починатиот државен орган ќе биде погребано во Алејата на великаните во Бутел, а неговото вечно почивалиште ќе биде веднаш до местото каде е погребана правната држава.