ОТКАКО ПОСТАВИ НОВ СВЕТСКИ РЕКОРД ВО ПОМИНАТИ КИЛОМЕТРИ СО ТРОТИНЕТОТ: Шилегов влегува во Гинисовата книга со уште еден рекорд

Само еден ден откако град Скопје го посетија претставници на Гинисовата книга на рекорди за да го впишат рекордот од 65 поминати километри со тротиент чија батерија може да издржи 30 км, нов рекорд поставен од градоначалникот ќе ги врати во главниот град на земјава.

Имено, од извори блиски до пивото Гинис дознаваме дека Шилегов успеал да помине 14 дена со едно полнење на батеријата на телефонот и притоа свртил четири игрици за мобилен телефон со што станува единствен градоначалник кој држи повеќе од еден рекорд.

Од град Скопје велат дека со ова ќе се подобри квалитетот и ефикасноста на администрацијата затоа што додека се возел, градоначалникот не работел најмалку 4 часа и додадоа дека ќе дадат се’ од себе градоначалникот да продолжи со овие активности.

Службата за набавки веќе ја подготвува документацијата за тендерот со кој треба да се набават продолжни кабли во должина од 100км, како градоначалникот би можел да патува со тротинетот и во другите општини.