ОТКАКО ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ ГО СКРШИ МРАЗОТ: И градоначалникот на Струга ќе доаѓа на работа со тротинет

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, по примерот на неговиот колега Шилегов, денес се пофали со новото превозно средство, кое како што рече, освен за доаѓање на работа ќе го користи и за заштита на крајбрежната трска.

Имено, тој најави дека лично ќе патролира по брегот на езерото со цел на дело да го открие сторителот кој последниве неколку недели ја пали трската, а потоа го тампонира просторот околу неа и претставува вистинска мистерија за институциите во оваа општина.

Вака изгледа тротинетот со кој Рамиз Мерко ќе доаѓа на работа и ќе ја спасува треската

Општина Струга за тротинетот ќе издвои околу 80 илјади евра од буџетот што според пресметките на градоначалникот Мерко е цена која секој обичен стружанец би ја платил за тротинет.