ОТКАКО НЕ БЕА ИНТОНИРАНИ ХИМНИТЕ ПРИ ПОСЕТАТА НА ЦИПРАС

    Владата најави дека за следниот гостин химната ќе биде интонирана два пати. Голем број на реакции предизвика скандалот кој се случи вчера при посетата на грчкиот премиер, откако протоколот реши да не ги интонира македонската и грчката химна. Од владата се извинија за пропустот и најавија дека при следната посета на некој странски државник химната ќе биде интонирана два пати и објаснија дека и покрај тоа што посетителите и јавноста не ја слушнаа химната, премиерот заедно со делегацијата која го придружуваше, на цел глас во себе ја испеале неколку пати. Причината за овој пропуст според извори блиски до музичката секција во владата е тоа што диџејот најмен да ја збогати манифестацијата со својот избор на музика, бил странец од првата тура странски работници кои ги најави премиерот, па не сакал да ризикува и да ја погреши химната, бидејќи одамна не ни дошол некој од соседна Грција