Леон М. 26 годишен инфлуенсер од Центар, објави оглас во сите дневни весници, со кој се откажува од своите родители затоа што потекнуваат од село близу Радовиш, за разлика од него кој е роден и пораснат во главниот град.
Болната вистина ја открил за време на рестрикциите, откако на неговите поплаки дека мора да седи затворен во стан во Скопје, родителите решиле да му соопштат дека имаат две куќи во селото од кое потекнуваат и дека може да ги посети кога сака.

Шокиран од сознанието, оваа вест ја споделил со своите другари и добил безрезервна поддршка во одлуката да ги исели родителите од станот и да прекине секаков контакт со нив за да не си го извалка реномето на урбан скопски лик.