ОТКАКО ГРАЃАНИТЕ ШТО НЕМААТ ПАРИ ДОБИЈА БЕСПЛАТНИ БАНКАРСКИ СМЕТКИ:

    Бездомниците ќе добијат гратис мебел за домот По промоцијата на проектот со кој најранливите категории граѓани ќе добијат банкарски сметки на товар на државата, министерството за финансии реши да го прошири овој проект и да им овозможи на сите бездомници бесплатно уредување на нивните домови. Министерот Тевдовски на прес рече дека мебелот е веќе набавен и ги повика сите заинтересирани да се пријават на MySpace и Hi5 профилите на министерството со цел службите да ја достават помошта на вистинска адреса. Но тоа не е се’! Од извори блиски до џогинг партнерот на Тевдовски дознаваме дека слепите ќе добијат бесплатни книги, граѓаните со оштетен слух – бесплатни карти за концерти, додека на сите пензионери кои не поседуваат компјутер им следува бесплатен приклучок на интернет. Аирлија