ОТКАКО ГО СПОРЕДИ ЗАЕВ СО ТИТО: Директорот на агенцијата за млади и спорт ќе ја враќа штафетата на младоста

Од извори блиски од Кумровец дознаваме дека штафетата ќе му биде врачена на премиерот на прославата по повод две години од формирањето на владата, откако претходно ќе ги помине сите партиски штабови ширум државава.

Според првичните информации таа ќе е во форма на корнишон, а на неа ќе бидат изгравирани најубавите стихови од збирката со поезија која беше издадена под покровителство и со потпис на директорот на агенцијата.

Штафетата ќе тргне од Пехчево на 30ти мај, а поради недостатокот од млади во Пехчево, Делчево, Национална Каменица, Крива Паланка и Кратово, првите 200 километри ќе ги истрча лично директорот Каевски. Да живее другарот Заев!