ОТКАЖАНА ТУРНЕЈАТА НА НОВИОТ ИДОЛ НА МЛАДИТЕ: Нинџа го изгубил гласот по настапот во Судот

Новата ѕвезда на македонското естадно небо, Александар Василевски – Нинџа, ја откажа најавената турнеја низ државава поради проблеми со гласните жици. Тој пред неколку дена на аудицијата во Основен Суд 1, одржа повеќечасовен концерт на кој ги воодушеви присутните со своето пеење и со репертоарот со кој се претстави.

Менаџерот на Нинџа им се извини на обожавателите во негово име и рече дека турнејата ќе се одложи се’ до целосно закрепнување на пејачот.

– Иако се работи за искусен вокал, настапот во судот му беше прв пред поголема публика, па во желба што подобро да се претстави пред судиите од стручното жири, се префорсира и по препорака на доктор ќе мора да одмара додека му се врати гласот. – рече менаџерот на пејачот.

Обожавателите со шок и неверување ја дочекаа веста за откажаната турнеја

Во меѓувреме, додека обожавателите чекаат да бидат објавени датумите од новата турнеја, со настапи во судот ќе продолжат неговите колеги од патриотскиот хор „Андон Јанев – Ќосето“, најверојатно со истиот репертоар со кој настапи Нинџа.