ОСТВАРЕНО УШТЕ ЕДНО ВЕТУВАЊЕ: Просечната плата во семејствата на функционерите над 500 евра

    фото - index24.mk

    Како што вети оваа влада во предизборниот период така и оствари! Ветувањето за просечна плата од 500 евра стана реалност, а со укинувањето на радиодифузната такса таа е дури 500 и 130 денари!

    „Пред да дојдеме платите во семејствата на функционерите беа бедни 420 евра, но со труд и напор за само две години успеавме во целта и сега платата во семејствата на функционерите е над 500 евра“ изјави Заев.

    На сликата: Завод за вработување

    Тој вели дека нема да застанат тука и дека секое дете ќе биде вработено на висока функција како платата би била и над 700 евра до крајот на нивниот мандат.