ОПШТИНА ОХРИД ПОТРОШИЛА 18.000 ЕВРА ПО РЕСТОРАНИ: Што да правиме кога е скапо?

Само минатата година Општина Охрид потрошила 18.000 евра во кафана или да сме покултурни по ресторани или ако сме неписмени по ресторанти. Дневно се трошеле по 50 евра во кафана (без певалка), а најголемата сметка била 600 евра. Од општината реагираат.

„Сумите се точни, но сите знаете дека цените во Охрид се високи. Потрошени се 50 евра секој ден, но со тие пари можете да се напиете 4 еспреса и два газирани сока. Два носевме од дома за да заштедиме да има повеќе за граѓаните“ стои во реакциијта.

На сликата: 25 евра во Охрид во лето

Од Општина Охрид додаваат дека пак овие пари се слеани во градот што всушност значи дека ова е инвестиција, а не ненаменско трошење на пари како што некои сакаат да го прикажат.