ОПШТИНА БИТОЛА НЕ ГИ ЧИСТИ УЛИЦИТЕ: Градоначалничката ќе го кандидира за Зимски олимписки игри

Како што велат граѓаните на градот на конзулите, калвирите и загадениот воздух снегот кој заврнал оваа година не се расчитува од локалните власти и претпријатијата задолжени за тоа. Иако тие мислат дека се работи за неажурност сепак планот е друг.

„Сакаме Општина Битола да биде домаќин на Зимски олимписки игри и затоа не се врши чистење на улиците. Битолчани еден ден ќе се горди со тоа што улиците не им се исчистени од снег“ вели градоначалничата Наташа Петровска.

Битолчани одат до продавница

Според неа градот и неговите улици изобилуваат со можности за зимски спортови па оваа година се надева дека ќе земе дел од колачот на Боровец.