ОЛИВЕР СПАСОВСКИ СО УРНЕБЕСЕН СТЕНД АП: Ќе го вратиме Груевски во Македонија и ќе одговара за сите сторени криминали!

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, синоќа на една од македонските телевизии го имаше својот прв стенд ап пред камери и ја воодушеви македонската јавност со својата смисла за хумор.

Најголем дел од шоуто беше исполнет претежно со стар материјал, базиран на комедијата „За живот во Македонија“, но она што ги освои гледачите и измами насмевки на нивните лица беа новите шеги.

Така, по вицот дека поранешниот премиер Груевски ќе биде вратен во земјава и ќе одговара пред судовите за сите криминали, два трактори и три комбајни од Брзата Помош морале итно да интервенираат поради опасност публиката да умре од смеење.

Од седуммина хоспитализирани, двајца се’ уште се во животна опасност затоа што не можат да престанат да се смеат на вицот на министерот за враќањето на Груевски

Со овој настап Спасовски се искачи високо на врвот на македонската стенд ап сцена, а неговите обожаватели веќе бараат карта повеќе за неговите идни настапи.