ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ги повлекуваме полицаците од пред домот на Груевски, не е дома

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека ги повлекува полициските службеници кои го чекаа Никола Груевски да излезе од станот или да се врати по полначот.

„Видовме слика на која е јасно дека тој е киднапирани и не е дома па затоа се решивме на овој чекор. Нашата полиција работи темелно и сега истрагата ја наосочуваме кон киднаперите кои го тераат да носи црвена јакна“ истакна тој.

Од МВР заклучиле дека ова не е можно да е сликано во домот на Груевски

Спасовски додаде дека и тој еднаш бил Будимпешта на апсолвентска екскурзија, но од тогаш градот е сменет па не е сигурен дека Груевски е сликан баш таму и побара помош од тие што биле од 2010-та па наваму на апсолвентска екскурзија во Будимпешта да помогна со распознавање.