ОД 2026-ТА НЕМА ПОВЕЌЕ ПАРТИСКИ ВРАБОТУВАЊА: Сите без книшка ќе се иселени, вели прогнозата

    Како што изгледа се назира крајот на партиските вработувања во јавната администрација и другите државни органи. Она што се случува 27 години би требало да заврши во 2026-та според прогнозите на Заводот за статистика.

    „Оптимистичка е прогнозата дека до 2026-та година луѓето кои немаат книшка веќе ќе се иселени низ светот и ќе го решиме овој горлив проблем со што сите со книшка ќе се вработени државно, а оние без неа ќе се вработени во странство“ – стои во изјавата.

    Работна книшка

    Ова е одлична вест за економијата на Германија, Англија, Австрија и другите европски земји.