ОД ПОНЕДЕЛНИК ПОЧНУВА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА: Најмногу првачиња има во Минхен, Пјаченца, Сиднеј и Чикаго

После три децении постојано инвестирање во иднината и образованието на младите од страна на државата, конечно од оваа 2019/2020, најголем број од првачињата од Македонија ќе ја започнат учебната година во модерни училишта.

Министерството за образование и наука на само неколку дена пред почетокот на учебната година ги објави градовите во кои има најмногу наши првачиња и според првичните проценки, околу 90% од нив можат да се надеваат на нормален образовен процес, додека останатите 10% тргнуваат на училиште во земјава.

Од МОН се презадоволни што секоја година се’ повеќе наши првачиња учат во нормални услови

Од министерството не сакаа да си ги припишат само за себе заслугите за овој голем успех туку инсистираа дека ова е резултат на работата на сите влади досега и нагласија дека ќе продолжат со истото темпо до последното прваче.