ОБЈАВЕН СПИСОКОТ ЗА ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ ВО ТОКИО: СЈО ќе не’ претставува во синхронизирано пливање

Македонскиот олимиски комитет денес го објави списокот на спортисти кои ја исполниле олимписката норма и кои ќе имаат шанса да ја претставуваат земјава на следните Олиписки игри што ќе се одржат во Токио, во 2020та.

Високо на списокот се наоѓа Специјалното јавно обвинителство, кое благодарение на настапот на вработените при поплавата на просториите во кои се чуваат доказите, се квалификуваше за настап во дисциплината синхронизирано пливање.

Од СЈО ни потврдија дека сигурно ќе настапат на олимписките игри затоа што со новите законски измени, кои предвидуваат бомбите да не се користат како докази, ќе имаат доста слободно време.