НОВ РЕБАЛАНС: За пратеничката Мира и нејзиното семејство 6% од буџетот за 2019-та

    Пратинчката од редовите на СДСМ, Мира Стојческа, која досега беше позната по тоа што зема по 13.000 евра патни трошоци сега ќе влезе како посебна ставка во буџетот.

    „Мира успеа да го вработи својот син во ЕЛЕМ, да го вработи својот брат, а таа и сопругот да земат посебно субвенции за печка на пелети. Кога на тоа ќе се додадат патните трошоци моравме во буџетот да одвоиме посебна ставка за неа“ велат од министерството за финансии.

    Испод Мира триста вработувања

    Тие велат дека засега Мира ќе добива 6% од буџетот на Република Македонија, но како е тргната тој процент може да стигне и до 10%.