Темелното чистење на депонијата околу студентскиот дом „Пелагонија“ од страна на студентите кои живеат таму е причината поради која министерството за образование и наука одлучи да ги избрише студентските домови од буџетот, а тие да се самофинансираат преку чистење депонии.
Според првичните пресметки за една година нормално функционирање доволно е да се исчисти една депонија, што значи дека само од Скопје и околината може да се финансираат четири студентски домови во наредните 30 години.

На прашањето како ќе се финансираат домовите откако ќе останеме без ѓубре, од министерството ни одговорија дека културата и воспитувањето на студентите им влева доверба дека никогаш нема да се случи такво нешто.