НОВ МЕГА СКАНДАЛ: Мисајловски откри 5Г антена во близина на Скопје

Поранешниот министер за транспорт и врски, Владо Мисајловски, продолжува да ја бранува јавноста со своите епохални откритија.

Така, по скандалот со „правиот“ пат, кој тој прв го објави на социјалните медиуми, сега излезе со докази и за поставена 5Г антена на само неколку километри од Скопје, во селото Нерези.

Според неговите сознанија, антената била монтирана пред 2 месеци, за време на полицискиот час и без согласност на жителите на селото. Од тогаш, во Нерези не е видено ниту едно фламинго, иако со векови наназад оваа птица летата ги минувала во атарот на селото.

Скандалите се нижат! Во Пробиштип општинската кула тоне…

Освен оваа афера, Мисајловски ѝ откри на јавноста што се случува со новата кула во општина Пробиштип, која и понатаму е крива, без никој да преземе одговорност за тоа.