НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ВО СТРУГА: Ауди ќе отвора фабрика за автомобили во Велешта

Германскиот автомобилски гигант Ауди одлучи да ја отвори својата прва фабрика на територијата на Македонија и тоа на неколку километри од центарот на општина Струга, во село Велешта.

Од извори блиски до механичарот на службените возила на општината дознаваме дека фабриката отпрвин ќе произведува автомобили само за потребите на градоначалникот, а потоа, во зависност резултатите на локалните избори, ќе решава дали и натаму ќе продолжи со работа.

Рамиз Мерко ја поздрави одлуката на компанијата и најави дека тој ќе биде првиот што со општински пари ќе го купи најновиот модел на Ауди

Инвестицијата ќе биде од огромно значење за општина Струга затоа што парите кои досега се трошеа за царини и давачки за увоз на службените автомобили, ќе можат да се искористат за покачување на платата на градоначалникот.