НЕВРАБОТЕНОСТА ПОД 20%: Благодарение на Мира невработеноста опадна за 7%

    Според Заводот за статистика и погрешни бројки на Република Македонија во минатата година процентот на невработеност достигнал досега најнизок процент од осамостојувањето и стигнал под магичната бројка од 20%.

    „За овој извонреден резултат своерачно е задолжена пратеничката Мира Стојчевска, жена и херој, која со неуморната борба да ги вработи своите најблиски сама придонесе за опаѓање на невработеноста од 7 процентни поени“ велат од Заводот за статистика.

    Доколку ја носите сликата во паричник шансите за вработување ви се зголемуваат за 70%

    Како што изјавуваат од Агенцијата за вработување во текот на овој месец е планирано на Мира да и се додели плакета и медал како работодавач на годината.