НЕВРАБОТЕНОСТА ЗАБРЗАНО ОПАЃА: Фамилијарната мачка на семејството Стојчевски вработена во МВР како куче трагач

Флоресита Стојчевска, фамилијарната мачка на една од најекспонираните пратенички во Собранието Мира Стојчевска, е избрана како најквалификувана на огласот кој го објави МВР, а со кој се бараше куче трагач.

Од МВР ја потврдија информацијата и изразија задоволство што во оваа некогаш партизирана институција се вработуваат професионалци кои си ја знаат работата и истакнаа дека оваа пракса на вработување на најдобрите кандидати ќе продолжи и во иднина.

Пратеничката Стојчевска за медиумите рече дека нема ништо со вработувањето на Флоресита, но не е изненадена затоа што отсекогаш верувала дека нејзините квалитети ќе испливаат на површина

На прашањето зошто во конкуренција на 20 германски овчари е избрана токму Флоресита, од МВР рекоа дека нема да дозволат никој да биде дискриминиран, се’ додека ги исполнува пропишаните услови и критериуми.