НА СВЕТ ДОЈДЕ И ПРВОТО ВИНИЧАНЧЕ: Родено е во Италија

Се роди и првото дете од Виница, во Италија се разбира. Ова е голема радост за сите што останаа во Виница затоа што се надеваат дека еден ден ќе доаѓа на одмор во родниот град на своите родители.

„Јас како градоначалник не можев да го однесам телевизорот до Италија па затоа му пуштив 300 евра по ВестернЈунион како мала честитка од општината. Се надеваме дека ќе ни даде еден ден заем ако ни притреба“ на шега вели градоначалникот на Виница.

Мала Италија

Среќните родители велат дека ќе го донесат своето чедо во Македонија на неколку дена само за да сфати зошто заминале.