НАЈПРОДАВАНИОТ АВТОР НА САЕМОТ НА КНИГАТА ГО ЗАВРШИ НОВОТО ДЕЛО: Оставката на Никола Груевски ќе биде преведена на 190 светски јазици

Фото - експрес.мк

Најреномираниот македонски автор, нашиот никогаш непрежален екс-премиер, Никола Груевски, станува вистински амбасадор на културата откако неговата објава дека завршил со пишувањето на оставката од местото пратеник во собранието на РМ, предизвика незапаметен интерес кај издавачките куќи.

Имено, најголемите светски издавачи се во мртва трка за обезбедување на правата за издавање на најновиот труд на мајсторот на перото и, како што дознаваме од агентот на писателот кој често е во Будимпешта поради проблеми со синусите, до сега е договорено тој да биде преведен на 190 светски јазици, а до поднесувањето се очекува таа бројка да биде поголема.

На сликата: Човекот кој најмногу помогна г-инот Груевски да го открие својот пишувачки талент

Првата книга на Груевски направи вистински бум во издаваштвото и постави нови стандарди за сите идни изданија, откако за само неколку дена успеа да ги сруши сите рекорди во продажба.