Д-р Исмет Брауни е човекот кој прв во историјата успеа да изгради функционална временска машина и да отпатува 100 години во иднината.
Ова е веста што сите светски агенции би требало да ја пренесат, поради нејзината важност за човештвото, но наместо тоа тие ќутат, а нивната алтернатива – социјалните медиуми, ги бришат објавите на Мурат Мурати, внук на научникот.

Зошто меинстрим медиумите не сакаат да знаете дека за 100 години од денес Република МК-НОД и официјално добива датум за почеток на преговори и станува сериозен кандидат за членство во ЕУ?! Не е ли доволно сензационална веста дека Ковид-19 е победен, а сериозно се работи на вакцини за Ковид-27, Ковид-33, Ковид-66 и Ковид-70?! Или во прашање е 15Г мрежата, која според сведоштвото на д-р Исмет, е причината поради која луѓето во 2120 не виделе никогаш птица?!
ОТВОРЕТЕ ОЧИ И СЛУШНЕТЕ ЈА ВИСТИНАТА!