НАМЕСТО СУБВЕНЦИИ ЗА ЕВТИНИ АВИОЛЕТОВИ: Владата ќе ги субвенционира сите кои ќе патуваат со службениот џип на родителите

Веста дека авиокомпанијата „ВизАир“ ќе ги укине евтините летови за Лондон, Барселона и Брисел, ги вознемири граѓаните кои планираа летните одмори да ги поминат во некоја од овие метрополи, но од Министерството за транспорт и врски ја смируваат ситуацијата и најавуваат нов бран на субвенции.

Ќе заврши голготата на семејствата на функционерите

– Наместо субвенциите да одат за странска компанија која парите ќе ги однесе надвор од државава, решивме да ги помогнеме функционерите од сите ешалони и да им овозможиме на нивните деца пристоен одмор. – велат од Министерството.

Од таму најавија дека во процедура се и законски изменисо кои ќе се олеснат патувањата на семејствата на функционерите.

Со овој проект ќе се набават нови, поудобни возила, а ќе се субвенционира и горивото, придружбата, хотелот како и секојдневните трошоци на одмор.