МИЦКОСКИ СВЕЧЕНО ГО ДИГНА ПРВИОТ ТЕГ ВО 2020: Со нас Македонија ќе станe најразвиена нација

Претседателот на најголемата опозициска партија, Христијан Мицковски, кој воедно е еден од нашите најпознати и најпосветени бодибилдери, го крена првиот тег во 2020 година, по што прогласи крај на тримесечната агонија без теретани и ја отвори сезоната на градење тело за на плажа.

Тој упати критики до Владата затоа што дозволила граѓаните да останат без мускули во време кога им се најпотребни за борба со коронавирусот и вети дека кога ќе дојде на власт ќе отвори државни теретани што ќе работат 24/7, се’ со цел Македонците да станат најразвиена нација на светот.

Вака ќе изгледаат државните теретани што ВМРО-ДПМНЕ планира да ги отвори кога ќе се врати на власт

На свеченото отворање Мицкоски направи десет серии од по дваесет фотографии за вебсајтот на ВМРО-ДПМНЕ и вети субвенции за сите сопственици што ќе ги отстранат камерите од објектите и ќе набават блокатори за отсјај, со што ќе ја заштитат приватноста на бодибилдерите во иднина.