МИЛЕ ЈАНАКИЕСКИ ЗАПОЧНА ШТРАЈК СО ГЛАД ВО ДОМАШЕН ПРИТВОР: Ова е тортура!

Продолжува агонијата на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, кој откако завчера беше нападнат во затворот во Шутка, судот одлучи да го префрли во домашен притвор.

Имено, според извори блиски до семејството Јанакиески (читај комшиите), првиот ден после пристигнувањето, неговата сопруга зготвила боранија за ручек што било доволна причина Миле да се спротивстави на неправдите кои му се нанесуваат секојдневно и да започне со штрајк со глад.Она кога ќе ти кажат дека има боранија за ручек

Во моментов околу домот на Јанакиевски спонтано се собираат негови подржувачи предводени од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицковски, кои инсистираат да се видат со Миле и да му достават пица, меѓутоа неговата сопруга ги одбива со изговор дека Миле треба да се храни здраво.