Новата година носи нови предизвици, но за среќа македонските градоначалници се спремни да се борат со нив. Па така градоначалникот на Радовиш на локалната полициска станица и подари компјутер. Десктоп.
„Ова е мал чекор за борбата против сајбер криминалот во Радовиш, но од негде мора да се почне. Нека се извежбаат па ветувам дека ќе им ставам и интернет, неограничен“ изјави градоначалникот на примопредавањето.
Прекрасниот компјутер кој го доби МВР
Компјутерот е составен од сите делови: монитор, куќиште, маус, тастатура и низа лук да го штити од вируси.