МВР ЗАВРШИ СО ИСТРАГАТА: Пендаровски следен од страствени колекционери на Југо Темпо

Министерот за внатрешни, Оливер Спасовски, денес на прес соопшти дека по преземените истражни и контраразузнавачки дејства, МВР ги откри лицата што го следеле кандидатот за претседател од власта, Стево Пендаровски.

Според информациите што тој ги сподели, се работи за неколку страствени колекционери на класични автомобили произведени во Југославија, кои биле импресионирани од сочуваноста и малата километража што ја поминало Југото. Тие по приведувањето признале дека со месеци го следеле г-нот Пендаровски во обид да ја дознаат цената на Југото, меѓутоа кога и да му се доближеле, тој бегал од нив и ги нарекувал странски шпиони.

За цена прашавме и во изборниот штаб на Пендаровски, но од таму само кратко ни одговорија дека Југото не е на продажба 

Откако беше објавено во анкетниот лист, Југото на Стево стана вистински хит помеѓу колекционерите на југословенски „класици“, затоа што, како што ни рече еден од нив – „приватните коли на политичарите во Македонија, се посочувани и од оние на бабите во Германија.