МАНУ ДОКАЖА: Децата на функционерите се поспособни од другите, затоа добиваат државна работа

    Фото - 24,mk

    Македонската академија на науките и уметностите конечно најде одговор на прашањето зошто децата на функционерите толку често добиваат високи државни работи.

    „Според нашето истражувањет тука главна улога игра генетика со што децата на функционерите се поспособни. На пример тие одма после факултет можат да работат како некој со 20 години искуство. Покрај тоа истражувањето докажа дека тие се и најубави на мама/тато“ стои во заклучокот на истражувањето.

    Бебе на функционер се раѓа со 10 годишно работно искуство и диплома, велат од МАНУ

    Ова доаѓа по бранот на вработувања на млади и способни кадри на деца на функционери кои треба да ни ја спасат државата. Секоја им чест.