МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ПОЧЕСТО ВДОМУВААТ ЖИВОТНИ: Најмногу прасиња и полутки

Ладното време ги разбуди чувствата на македонските граѓани кон другиот жив свет и се гледа зголемен тренд на вдомување животни. Според нашите извори најчесто сѐ вдомуваат прасиња и полутки кои граѓаните ги вдомуваат за да ги спасат од ладното и ги топлат на од 180 степени па се до 240 степени.

„Видов дека дури и од Бразил тука ги носат премрзнатите животни па решивме заедно со моето семејство да вдомиме една полутка од Врање, Србија. Да помогнеме и ние колку што можеме да се спасат од студот овие животни“ вели еден хуман граѓанин.

Граѓаните пазат при изборот да не налетаат на ГМО животни

Се очекува овој тренд да продолжи до крајот на јануари по што народот ќе се префрли на вдомување на перната живина и риба, секој според своите можности.

*П.С. Драги борци за права на животните авторот не се согласува со својот став и зане дека секој живот е подетнакво важен, но сепак ова е сајт за хумор и сатира ако можеби не ви исгледа така