МАКЕДОНСКАТА НАУКА ГУБИ УШТЕ ЕДЕН БРИЛИЈАНТЕН УМ: Гинекологот Дамчевски научната кариера ќе ја продолжи надвор од државава

Др. Николче Дамчевски, еден од најпознатите (на полицијата и правосудните органи) гинеколози во земјава, замина од државава и реши својата кариера да ја продолжи во земја која ќе му овозможи достоинствени услови за развој.

Тој по Груевски, е вториот еминентен научник кој поради неспособноста на државата да ги награди неговите заслуги одлучи да ја одложи затворската казна и да се посвети на професионалниот развој, а најголем губитник од ова е македонската наука и секако граѓаните.

Надлежните велат дека се изненадени од неговата одлука затоа што дента кога му било однесено решението за издржување казна затвор тој воопшто не покажал знаци дека планира медицинската дејност да ја префрла во Бугарија, туку ги распрашувал полицајците за безглутенската исхрана во затворите.