МАКЕДОНИЈА ЛИДЕР ВО ЕВРОПА: Официјално сме најзагадена земја на континентот

Она што сите веќе го знаевме конечно го потврдија и анализите на европските аналитички центри па така Еуроњуз јавува дека Македонија е и официјално најзагадена земја во Европа.

„Овој успех не е само наш туку е континуиран успех на сите досегашни влади и политичари кои макторпно работеа за да се оствари ова и да се стигне до лидерската позиција. Им благодариме“ изјави премиерот Заев.

„Ова е голема чест за Македонија“ – Зоран Заев

И граѓаните се задоволни со оваа лидрска позиција и велат дека и тие прават сѐ што можат за да ја задржиме со палење на гуми, пластика и контејнери. Убаво е кога и покрај различностите ќе се сплотиме за да постигнеме заеднича цел. Честито!