КОЛЕДАРЧИЊАТА КАЈ ЗАЕВ И ИВАНОВ ИЗНЕНАДЕНИ: Добивме бланко амнестии

Празниците се слават и кај политичарите. И тие се луѓе додека науката не покаже поинаку. Така и оваа година претседателот Ѓорѓе Иванов и премиерот Зоран Заев ги примија коледарчињата во својот дом, а тие се задоволни од бланко амнестиите кои ги добија.

„Можевме да им дадеме пари или костени. Парите ќе им ги земат родителите, костените ќе се изедат, а со бланко амнестиите кога ќе пораснат ќе можат сами да направат милоиони и законот да не ги фаќа“ изјави Зоран Заев.

Претседателот Иванов не беше достапен за коментар

Коледарчињата се пријатно изненадени од овие подароци и се надеваат дека еден ден ќе станат богати како политичарите.