ИСТРАЖУВАЊЕ НА АВРМ: Пронајден прв братучед на министер кој не работи во администрација

Стојко Ш., пекар по професија и малер во слободно време, е единствениот братучед на министер кој работи во приватниот сектор и нема ниту ден стаж во администрација – покажа истражувањето на Агенцијата за вработување, спроведено врз репрезентативен примерок од 20 илјади први и втори братучеди.

Истражувањето го нарача владата како одговор на дежурните критичари кои после вработувањата на неколку синови, ќерки и баџаници цинично коментираа дека не останал ниту еден роднина кој не е вработен во администрација.

И покрај овој феномен, крајните резултати јасно покажуваат дека борбата против невработеноста на роднините е приоритет и на оваа власт, па се надеваме дека после ова Стојко ќе си ја најде својата среќа.