ИВАНОВ ОБВИНУВА ДЕКА ГО СЛЕДАТ: Господине ние ви сме обезбедување, велат тие што го следат

Претседателот на сѐ уште Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, денес излезе со обвинувања дека бил следен од припадници на МВР и УБК. На ова експресно реагираа од двете институции.

„Господине претседателе, тие што ве следат се ваше обезбедување во случај некој да сака да ве киднапира како господинот Груевски“ велат од министерството за внатрешни работи.

Иванов го пријавува во МВР своето обебедување затоа што го следи

Според експертите симптоматично е тоа што после 9 години на претседателската функција Иванов забележал дека има свое обезбедување. Тој има законско право на обезбедување и кога ќе му заврши мандатот, но дали ќе го искористи и дали е запознат со тоа останува да видиме.