Министерството за здравство распиша конкурс за вработување на три нови работници на возраст од 3 до 16 години за работната позиција „внука на Филипче за сликање при вакцинација“. Огласот трае до 8-февруари.
„Сите пријавени треба да се доволно стари да примат вакцина против морбили, дали се плашат од игли или не не е пресудно затоа што работиме со затворени игли и да не се срамежливи пред камера“ стои во огласот.
Дел од работната задача
Како што наведуваат од Министерството за здравство сличноста со Венко Филипче ќе се смета за предност.